Вошката е со човекот од кога постои светот. Тие од секогаш се прилогодувале на условите во кои се наоѓаат и тоа им помогнало да опстанат со векови и ќе постојат додека постои светот. До половината на ХХ век тие живееле по целото тело и облеката на луѓето и во домовите на луѓето и не бирале возраст и класа на луѓе. Човештвото имало голем проблем со вошките и превземани се мерки на државни нивоа. После тоа вошките се прилагодуваат да живеат во косматите делови на децата и старите луѓе.
За уништување на вошките се прават механички и хемиски средства (отрови) на кои вошките стануваат брзо имуни и секогаш мора да се направат појаки отрови за да ги умртват вошките. И не случајно на упатствата на отровите пишува: каде што ќе се стави отровот да се внимава да нема оштетена кожа (рана) и отровот да не стои повеќе од 2-3 минути. Со самото тоа станува јасно дека употребата на тие средства е ризична за луѓето (децата). А додека механичкото одстранување е безопасно за луѓето (децата).
|